Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид и Македонската Мисија за Хуманост од Стимбот Спрингс, САД, ќе одржат едукативна работилница на тема „Справување со зависности“ која ќе ја води Д-р Даун Обрехт, професор на Универзитетот во Колорадо Здравствено научен центар, САД и експерт на полето на зависности.

На работилница Обрехт ќе зборува за начинот на справување и опоравување од најразлични видови зависноти: дрога, алкохол, коцкање, зависност од секс, опседнатост со партнерот во врската, купување, пореметување во исхраната, зависност од одредена супстанца и друго.

– Модерниот начин на живеење предизвикува најразлични видови зависности со кои секојдневно се соочуваме. Ако сакате да научите како да се соочите со нив, како да ги надминете…, добредојдени сте на оваа работилница, порачуваат од општинскиот Црвен крст.

Работилницата ќе се одржи во просториите на Црвен крст Охрид, денес, 3- ти јуни, со почеток во 19 часот.

OhridNews