Бомба кашикара експлодира вечерва во близина на канцеларија на СДСМ во скопската општина Карпош, каде се одржувал состанок на подмладокот на партијата.

Во експлозијата нема повредени, а оштетени се пет автомобили.

СДСМ преку својот портпарил Петре Шилегов го осуди инцидентот и побара од надлежните институции негово брзо расчистување.

OhridNews