Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Омерик Аубамејанг постигна четири погодоци во триумфот (5-2) на неговата екипа против Хамбургер. Аубамејанг на најдобар можен начин одговори на довербата од тренерот Томас Тухел кој го суспендираше фудбалерот за мечот со Спортинг Лисабон во Лигата на Шампиони. 


Репрезентативецот на Габон головите ги постигна во 4-та, 23-та, 27-та и 48-та минута. Петтиот погодок за „милионерите“ беше дело на Осман Дембеле.

Покрај голгетерската експлозија на Аубамејанг новото коло во Бундес лигата го одбележа составот на Хофенхајм кој остана непоразен на Алијанц арената ремизирајќи со Баерн 1-1. Со ова реми чудото на сезоната во Германија ја продолжи серијата без пораз во елитата и го положи испитот за големи дострели сезонава. 

Резултати: Леверкузен – Дармштад 3-2, Баерн Минхен – Хофенхајм 1-1, Фрајбург – Волфзбург 0-3, Хамбургер – Борусија Дортмунд 2-5, Инголштад – Аугзбург 0-2, Ајнтрахт Франкфурт – Келн.

Табела: Баерн Минхен 24, Ред Бул Лајпциг 21 (-1), Хофенхајм 20, Херта 20, Дортмунд 18, Келн 18 (-1)…

OhridNews