Раководството на кумановската месна индустрија Екстра Меин денеска излезе со тврдење дека во производите од оваа компанија нема листерија и најави дека ќе бара суперанализа.

„Не е можно од нашата компанија да излезе термички необработен производ. Подлежиме на постојани контроли и го спроведуваме НАССР системот за контрола на квалитет. Трите вонредни контроли во нашата фабрика во изминатите десет дена од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Министерството за здравство не покажаа никакви неправилности. Сите земени брисови и мостри се негативни”, тврдат од “Екстра меин”, по наводите дека во еден од производите од оваа фабрика била пронајдена листерија.
 
Притоа информираат дека од почетокот на годината биле земени 158 мостри од производи на компанијата и биле направени 112 брисови од нивните машини, работни површини и работници и дека сите резултати се негативни на присуство на каква било бактерија.
 
„Сите производи, вклучително и сечканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, со што загарантирано се уништува бактеријата листерија”, се вели во реакцијата на кумановската месна индустрија “Екстра меин”, откако беше соопштено дека во нејзин производ е најдена листерија.
 
Компанија најави дека ќе побара од Агенцијата за храна и ветеринарство да биде извшрена суперанализа за наведениот производ, во реномирана светска лабораторија.
 
Воедно се истакнува дека мострата со бактеријата била пронајдена во производи во малопродажен објект, за кои, од кумановската компанија не може да гарантираат како биле чувани, дали била можна девакумација и дали дошле во контакт со други производи кои ја содржеле бактеријата.
 
Од “Екстра Меин” истакнуваат дека ќе ги почитуваме препораките на АХВ и на Министерството за здравство и активно ќе соработуваат со надлежните институции во откривање на вистинскиот причинител на болеста.
 
Компанијата е формирана во 1994 година, а во 2012 година беше прогласена за најдобра во општина Куманово. Има вработени 130 лица и поседува дистрибутивна мрежа

OhridNews

извор:„Макфакс“