Со три нови натпревари синоќа продолжија возбудувањата на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино.

Најефикасен беше составот на Екстра Скопско, кој убедливо го совлада Ескобар Волино со 7:1. Типлери славеше против Том Гор со 4:1, додека Асп Пак ги освои бодовите против Македонија со победа од 3:0.

Резултати – 13 август:

Ескобар Волино – Екстра Скопско 1:7
Типлери – Том Гор 4:1
Асп Пак – Македонија 3:0

Натпреварите на „Богородица куп 2026“ продолжуваат вечерва, 14 август, со нови три средби. Програмата ја отвораат Мики Про Керамика и Злате Транс.

Распоред – 14 август:

20:30 Мики Про Керамика – Злате Транс
21:30 Златара Бени Ерол – Киоск Кај Бироно
22:30 Аце Најдески – Мороишта

OhridNews