Денеска од Германија во Р.С. Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Никола Саздовски, кој почина од нанесените повреди, информира МВР.

За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница.

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него. По неговото лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа беа преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Р. С. македонија. – соопшти МВР.

Во изминатите 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстрадирани, а за дел постапката е во тек.

OhridNews