Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра клучна улога во триумфот на Црвена Ѕвезда против „кралевите“ и ја израдува „црвено белата“ армија навивачи на белградскиот состав.

Но, има и такви кои натпреварот во Мадрид нема да го паметат по добрата партија или победата, на својот родител или омилен кошаркар, туку по поклонот кој го добиле. Таков е примерот на синот од Антиќ, Лука кој како поклон го добил дресот од Лука Дончиќ кој ги брани боите на Реал Мадрид.

Словенецот Дончиќ со 20 поени беше најефикасен кошаркар на теренот, а во последниот напад да постигне поени кои можеби ќе беа победнички го спречи токму Антиќ.

OhridNews