Дуелот на екипите Олимпијакос – Цедевите во кои настапуваат поранешните репрезентативци на Македонија, Перо Антиќ и Владо Илиевски му припадна на Антиќ со убедливи 82-64.


За нешто повеќе од 18 минути минати на паркетот Перо Антиќ постигна седум поени, додавајќи три скокови. Плејмејкерот на хрватска Цедевита, Илиевски беше поефикасен постигнувајќи 14 поени за 22 минути.

Бранителот на трофејот во Евролигата, Олимпијакос по девет одиграни натпревари има скор од седум победи и два порази наспроти Цедевита која има две победи и седум порази.

Резултати :   ЦСКА Москва – Бешикташ 87-72, Цедевита – Олимпијакос 82-64, Мапоро – Реал Мадрид 76-70, Алба Берлин – Уникаха 63-74, Алесио Проком – Макаби Електра 73-89, Партизан – Барселона 67-68.

Мх.П.