Кошаркарите на Црвена Ѕвезда приредија вистинска сензација во 10-та рунда од Евролигата совладувајќи го Реал Мадрид 87-83 (19-24, 27-15, 21-19, 20-25) во Шпанија.
„Црвено белите“ одиграа маестрален натпревар во напад шутирајќи со 60% за два и три поени, а второто полувреме не дозволија пресврт иако нападите на „кралевите“ беа констатни.
Во последните 40-тина секунди нашиот Перо Антиќ одигра клучна улога. Прво направи блок за Давидовац за негови лесни поени, во одбрана го запре Лука Дончиќ, а на спротивната страна постигна тројка со која стави точка на победата.
Со победата во Мадрид „црвено белите“ ставија точка на серијата порази и дојдоа до третиот триумф сезонава.
Најефикасен во тимот на Ѕвезда беше Рочести со 18 кошеви, Бјелица реализираше 16, а херојот Антиќ заврши со 11 поени. Во составот на Реал Мадрид со 20 поени најпрецизен беше Лука Дончиќ.
OhridNews