Турскиот преставник во Евролигата, Фенербахче пред своите гледачи во третата рунда од групната фаза го совлада актуелниот првак Реал Мадрид со 76-66.
Домаќините, победата над шпанскиот гигант ја коваа низ сите четири четвртини кои постепено ги добиваа.
Нападот на Фенербахче беше разноврсен што беше голем проблем за „кралевите“ кои не беа расположени за надигрување.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна четири поени, а додаде уште четири скокови за 11 минути игра.
Најпрецизни во составот на „Фенер“ беше тандемот Екпе Удох – Лујџи Датоме со 15 поени, а Богдан Богдановиќ застана на 12 кошеви. Во поразените со 15 поени најефикасен беше Луис Филипе.
Ohridnews











