Кошаркарите на Фенербахче ја забележаа втората победа во втората фаза од Евролигата совладувајќи ја Црвена Ѕвезда во Пионир со 88-65 (23-20, 18-8, 22-18, 25-19).


Турците одиграа маестрално под кошевите во двата правци и со лесни поени ја оправдаа фаворитската улога на жешкиот терен во Белград.

Со сигурна игра во текот на целиот натпревар избраниците на Жељко Обрадовиќ не дозволија да се распламни домашниот вулкан кој може да го проголта било кој противник.

Перо Антиќ мечот го заврши со 12 поени и четири скокови. Најефикасен во победничкиот состав беше Лујџи Датоме со 21 поен, а Боди Диксон постигна 17 кошеви.

Фантастичен натпревар зад себе имаше Јан Весели кој имаше дабл дабл учинок (10 поени и 15 скокови), збогатено со пет спектакуларни блокади.

Мх.П.