Актуелниот првак Олимпијакос на гостувањето кај Анадолу Ефес ја прокоцка првата меч топка за пласман во завршницата од Евролигата. Антиќ и соиграчите претрпеа пораз од 82-73 и предноста во серијата им се намали на 2-1.

Кошаркарите на Ефес доминираа во целиот натпревар не оставувајќи му простор на гостите надеж за поволен резултат.

Македонскиот интернационалец за нешто повеќе од 15 минути на теренот постигна пет поени, имаше три успешни скока и една интервенција.

Најпрецизен кошаркар во домашниот состав беше Џордан Фармар со 17 поени додека во екипата на Олимпијакос најефикасен беше Ајс Лов со 19 кошеви.

Анадолу Ефес ќе биде домаќин и на четвртиот натпревар од серијата подобар до три, а евентуалната мајсторка ќе се игра на теренот од Олимпијакос.

Мх.П.