Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и Олимпијакос го положија тестот и се пласираа во ТОП 16. “Црвено белите“ во решавачката рунда го совладаа Галатасарај со 88-81 и ја анулираа победа на турците во првиот натпревар.


За “нецели“ 13 минути на паркетот, Антиќ постигна осум поени, додавајќи шест скокови. Најпрецизен во екипата на Олимпијакос со 20 поени е Спанулис додека во поразениот Галатасарај, најефикасен е Андриќ со 16 кошеви.

ЦСКА Москва е лидер во групата со пет победи и еден пораз, Олимпијакос е втор со три победи и три порази. Трет е Галатасарај со три победи и три порази, но поради послабиот меѓусебен скор со Олимпијакос, четврто пласиран е Ефес.

Мх.П.