Првата македонска пресметка помеѓу Перо Антиќ и Лестер Бо Мекклејб во Евролигата му припадна на капитенот на “црвено жолтите“ Перо Антиќ. Олимпијакос со 82-75 ја совлада Монтепаски Сиена, во првиот натпревар во серијата “подобар од пет“.


Клучот за победата на Олимпијакос е последната четвртина од мечот, во која избраниците на Ивковиќ ја добија со (24-9). Во преостанатите три домаќините ја контролираа играта и резултатот (26-21, 22-21, 18-16), но кобен за нив се покажа четвртиот квартал, по кој беше решен победникот.

Плејмејкерот на домаќините, Лестер БО Меклејб за нешто помалку од половина час постигна 15 поени, додаде четири асистенции и еден скок додека Перо Антиќ за повеќе од 13 минути постигна четири поени, четири скока и “собра“ четири лични грешки.

Вториот меч од разигрувањето во 1/4 финалето од Евролигата е закажан за в петок од 20.45 минути.

Видео : Антиќ победник во македонската пресметка

Мх.П.