Кошаркарите на мадридски Реал одбраната на титулата во Евролигата ќе ја започнат во А групата, каде за противници ги имаат Фенербахче засилен со македонскиот интернационалец Перо Антиќ, Химки, Црвена ѕвезда, Баерн и Стразбур.
Во седиштето на Евролигата во Барселона, во четвртокот беа извлечени четири групи за новата сезона 2015/2016 во Евролигата.
А група: Реал Мадрид, Фенербахче, Химки, Црвена ѕвезда, Баерн Минхен, Старзбур
Б група: Олимпијакос, Анадолу Ефес, Лаборал Куча, Армани Милано, Цедевита, Лимож
Ц група: Барселона, Панатинаикос, Локомотив Кубан, Жалгирис, Пинар Каршијака, Зјелона Гора
Д група: ЦСКА Москва, Макаби, Уникаха, Бамберг, Дарушафака, Динамо Сасари
Пласман во Топ 16 фазата ќе изборат по четири екипи од секоја група, додека преостанатите осум ќе ги продолжат натпреварите во Еврокупот.
„Макфакс“