Кошаркарите на Фенербахче пред своите гледачи ја забележаа петтата победа во втората фаза од Евролигата совладувајќи ја Цедевита со 86-73 (27-12, 13-21, 22-28, 24-12).
Победата на „Фенер“ падна во сенка откако македонскиот интернационалец Перо Антиќ со помош од клупскиот доктор ја напушти салата пет минути пред завршување на мечот.
Што се однесува до мечот домаќините брзо уште во првата четвртина го скршија отпорот на гостите добивајќи ја со позитива од 15 поени (27-12).
Но, кошаркарите на Цедевита со две одлични четвртини успеаја да ја намалат разликата само на еден поен пред последниот квартал.
Квалитетот во десетте завршни минути излезе на виделина и со нова бран на кошеви домаќините го решија победникот.
Антиќ за повеќе од 22 минути на теренот реализираше 8 поени, а додаде уште два скокови.
OhridNews











