Македонскиот кошаркар во редовите на Фенербахче, Перо Антиќ ненамерно со „шлаканица“ го почасти својот соиграч Никола Калиниќ. Антиќ еуфорично реагираше по освоената топка во напад, а на погрешно место во погрешно време се најде Калиниќ кој за среќа немаше поголеми последици. Што се однесува до натпреварот тимот на Антиќ и Калиниќ, Фенербахче изгуби тесно (80-77) во дербито со Анадолу Ефес.
OhridNews