Кошаркарите на Црвена Звезда претрпеа тесен пораз од Жалгирис во Каунас 78-76 (15-13, 28-27, 10-17, 25-19) на стартот од новата сезона во Евролигата.

„Црвено белите“ можат да жалат за неуспехот, бидејќи во решавачките десет минути влегоа со позитива и го имаа последниот напад за победа на натпреварот.

Двете почетни четвртини им припаднаа на домаќините со 15-13 односно 28-27 за три поени (43-40) позитива на полувремето.

Во третиот период гостинските кошаркари одиграа маестрална одбрана и примија само десет поени, а постигнаа 17 што им донесе резултатска предност на семафорот.

Домаќините на стартот од последните десет минути ја анулираа негативата и го презедоа водството. Црвена Звезда предводена од Милко Бјелица и Перо Антиќ одржуваше резултатска неизвесност.

Во последната триесеттина секунди гостите влегоа минус пет, но успеаја да постигнат тројка и да го одбранат нападот. Крајниот напад им припадна нив, но ударот на Тајлор Рочести не ја погоди целта и остана негативата на семафорот.

Најефикасен во составот на Црвена Звезда беше Бјелица со 18 поени, а Антиќ беше втор стрелец со еден помалку. Македонскиот интернационалец додаде три скокови и три украдени топки. Кај домаќините нејпрецизен беше Паулис Јанкунас со 15 кошеви.

Резултати: Жалгирис – Црвена Звезда 78-76, Химки – Валенсија 75-70, Барселона – Панатинаикос.

OhridNews