Кошаркарите на Црвена Ѕвезда забележаа сензационална победа во третата рунда од Евролигата, откако пред своите гледачи ја совладаа Барселона со 76-65 (9-16, 31-15, 20-17, 16-17).


„Црвено белите“ на крилата од публиката во Комбанк арената ја „срушија“ Барселона која одлично го започна мечот.

Грчот во домашниот состав искусните шпанци го искористија максимално и ја добија првата четвртина со седум поени (16-9).


Домаќините, распукаа во вториот квартал каде постигнаа неверојатни 31 поен и не само што го презедоа водството туку на одмор заминаа со девет кошеви предност.

Во третиот период го зголемија водството на двоцифрен број, а во последниот го задржаа за нова вкупно втора победа сезонава во кошаркарската елита.

Резултати: Црвена Ѕвезда – Барселона 76-65, Фенербахче – Жалгирис 82-68, Бамберг – Панатинаикос 83-84, Макаби Тел Авив – Галатасарај 98-92.

OhridNews