Лестер Бо Мекејлеб со 21 поен беше клучниот играч во триумфот на Сиена над Олимпијакос 81-80. “Банкарите“ го добија вториот меч и ја израмнија серијата на 1-1. На 6 секунди до крајот бекот на домашните Ракочевиќ промаши две слободни фрлања по што Олимпијакос тргна во контра за победа која ја спречи македонскиот репрезентативец Мекејлеб на средината од теренот со што тимот од Сиена ја зачува минималната предност и остана во трка за пласман на фајнал фор турнирот што ќе се игра во Истанбул.


Македонскиот капитен во дресот на Олимпијакос, Перо Антиќ, мечот го заврши со 11 поени и пет скока. Наредните два меча од серијата се играат во грчката престолнина.

ЕЛ : Бо ја “украде“ победата

OhridNews