Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја забележаа третата победа во серија во Евролигата совладувајќи го тимот на Валенсија со 86-82 на гостински терен во 12-та рунда шампионатот.
„Црвено белите“ до петтата победа вкупно сезонава (5-7) дојдоа со фантастична последна четвртина во која до врв го наполнија кошот на противникот. На средината од решавачките десет минути Црвена Ѕвезда имаше негатива 70-59, а со серија до 17-2 стигна да го преземе водството 72-76 и да го реши натпреварот во своја корист со 86-82.
Првиот период кошаркарите на Црвена Ѕвезда го добија со 26-22, а вториот го изгубија со 16-14. Домашниот состав блесна во третиот период 25-16 и го сврте резултатот во своја полза. Но, гостинските кошаркари го немаа кажано последниот збор и приредија мала сензација со неверојатната серија и пресвртот.
Џејмс Фелдин со 26 поени беше најефикасен во тимот на Црвена Ѕвезда. Перо Антиќ имаше 10 поени зад своето име, но и 4 украдени топки. Кај домаќините најпрецизен беше Фернандо сан Еметерио со 17 кошеви.
OhridNews