Кошаркарите на Панатинаикос стигнаа до 10-та победа во најквалитетната лига во Европа сезонава, откако среде Белград го совладаа составот на Црвена Ѕвезда со 69-63 (20-15, 21-23, 17-11, 11-14).
„Детелините“ од Атина иако ослабени не потклекнаа пред фантастичната атмосфера во спортската сала „Александар Николиќ“ и со констатно добра игра во одбрана не дозволија домаќините да се размавнат.
Првите десет минути гостите ги добија со 20-15, вторите ги загубија со 23-21, но ја задржаа предноста. После трисет минути игра поведоа со девет поени, а домаќините во решавачката четвртина четвртина успеаја само да ја намалат негативата.
Освен Џејмс Фелдин кој реализираше 21 поен во составот на Црвена Ѕвезда немаше расположен кошаркар за игра. Перо Антиќ постигна скромни два поени, а организираторот на играта Тејлор Рочести застана 9 кошеви. Во гостинскиот состав по 16 кошеви постигнаа Џејмс Гист и Маркус Денмон.
Со скор (10-4) Панатинаикос останува во самиот врв, додека „црвено белите“ (5-9) се наоѓаат во долниот дел од табелата.
OhridNews