Лидерот на табелата во Евролигата, ЦСКА Москва и одржа лекција на Црвена Ѕвезда победувајќи ја со 102-80. „Армејците“ сигурно чекорат кон првото место кое носи полесен противник во нокаут фазата.
Кошаркарите на Анадолу Ефес со триумф над Емпорио Армани (90-86) ја зачинија ноќта посветена на Петар Наумоски во „Абид Ипечки“ арената.
На полувремето од дуелот после свечена церомонија повлечен од понатамошната употреба беше дресот со број седум кој Наумоски со успех го носеше во турскиот состав.
Резултати: Уникс Казан – Реал Мадрид 77-81, Анадолу Ефес – Емпорио Армани 90-86, ЦСКА Москва – Црвена Ѕвезда 102-80, Макаби Тел Авив – Басконија 85-84, Панатинаикос – Бамберг 81-72.
Петар Наумоски бесмртен во Анадолу Ефес (видео)
OhridNews