Екипата на Фенербахче во која настапува Перо Антиќ претрпе пораз од Реал Мадрид 80-73 во дербито од 8-та рунда во Евролигата.


Гостите од Турција имаа фантастична прва четвртина во која постигнаа 28 поени и ја добија со плус 10. Кошаркарите на „Фенер“ ја задржаа предноста во вториот квартал и на полувремето имаа плус девет (45-36).

„Кралевите“ со маестралната серија во третиот период го анулираа водството на гостите и во одлучувачките десет минути влегоа со еден поен предност. Домаќините носени од публиката ја капитализираа минимална предност во голема победа 80-73 во дербито на колото во Евролигата.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за 15 минути на теренот постигна пет поени и имаше два скокови. Најпрецизен во составот на Реал Мадрид беше Серхио Љул со 17 поени, а приматот најдобар стрелец му припадна на Јан Весели од Фенер со 20 кошеви.

И покрај поразот Фенербахче остана на врвот на табелата додека Реал Мадрид со третиот триумф ги залечи раните од неуспехот во Белград.

Ohridnews