Кошаркарите на Фенербахче го продолжија победничкиот низ во ТОП 16 фазата од Евролигата победувајќи го Ефес Анадолу со тесни 77-73 во дербито на колото.
„Сино жолтите“ во турската пресметка настапија без повредените Слукас и Перо Антиќ, а останатите кошаркари до шестиот триумф во исто толку натпревари стигнаа потешко од очекувањата.
Тимот на Ефес имаше предност шест поени по првиот дел, но избраниците на Жељко Обадовиќ со добра одбрана и организиран напад во вториот дел го свртија резултатот во своја полза за шеста победа во серија.
Резултати:
Група Е: Анадолу Ефес – Фенербахче 73-77, Цедевита – Панатинаикос 60-78, Дарушафака – Црвена Ѕвезда 69-66. Уникаха – Локомотив Кјубан 64-82.
Табела: Фенербахче (6-0), Локомотив Кјубан (4-2), Анадолу Ефес (3-3), Црвена Ѕвезда (3-3), Панатинаикос (3-3), Уникаха (2-4), Цедевита (2-4), Дарушафака (1-5).
Група Ф: Броуз Баскет – Барселона 74-70, Жалгирис – ЦСКА Москва 54-94, Реал Мадрид – Каха Лаборал 68-77, Олимпијакос – Химки 89-77.
Табела: ЦСКА Москва (4-2), Химки (4-2), Каха Лаборал (4-2), Броуз Баскет (3-3), Реал Мадрид (3-3), Олимпијакос (3-3), Барселона (2-4), Жалгирис (1-5).
OhridNews











