Фудбалерите на Бетис во спектакуларен натпревар го совладаа градскиот ривал Севиља (5-3) и ги освоија бодовите на „Ренато Санчез Писхуан“ стадионот во 18-та рунда од шпанската Ла Лига.

„Зелено белите“ фудбалската „фешта“ на популарното „Ел Гранде“ дербито ја најавија со голот во 30-та секунда. Севиља брзо се созеде од шокот и го изедначи резултат. Гостите на хартија повторно поведоа, но домаќините одново имаа одговор. Во второто полувреме Бетис постигна два голови во серија за 4-2 водство. Севиља го намали резултатот 4-3, a Бетис со петтиот погодок стави точка на дербито.

Голем дел од љубителите на шпанскиот фудбал оваа дерби средба ја оценија како најдобра, дури подобра од првото „Ел Класико“ кое заврши со триумф на Барселона (3-0) на „Сантијаго Бернабеу“.

Резултати: Атлетико Мадрид – Гетафе 2-0, Валенсија – Жирона 2-1, Лас Палмас – Еибар 1-2, Севиља – Бетис 3-5.

OhridNews