Кошаркарите на Црвена Ѕвезда забележаа нова победа во Евролигата сезонава совладувајќи го пред своите гледачи составот на Броуз Бамберг со 74-60 (17-9, 26-20, 13-14, 18-17).
Со триумфот над германскиот состав белградските „црвено бели“ стигнаа до 14-та победа во Евролигата и го задржаа позитивниот скор на табелата (14-10) кој ги чува на местата од табелата кои водат во разигрувањето.
Победникот домашните кошаркари го решија во првиот дел кој го добија со 43-29. Во третата четвртина гостите намалија еден поен, а кошаркарите на Црвена Ѕвезда во последниот период го вратија за конечни 74-60.
Резултати: Жалгирис – Фенербахче 67-76, Галатасарај – Реал Мадрид 87-84, Црвена Ѕвезда – Броуз Бамберг 74-60, Макаби Тел Авив – Олимпијакос, Басконија – Милано.
OhridNews