Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во 31-та рунда од шпанската Ла Лига ќе мине во знакот на Јохан Кројф кој почина во 68-та година од животот по тешкото боледување.


Холанѓанецот како играч и тренер е еден од највлијателните луѓе во историјата на Барселона, а каталонците на брилијантен начин ќе му се оддолжат.

Фудбалерите на Барселона на предната страна од дресовите до амблемот од клубот ќе го имаат неговото име, а на Ноу Камп пред почетокот на „Ел Класико“ ќе има кореографија со неговото име.


Во пресрет на дербито домаќинот има десет бодови позитива на табелата пред Реал Мадрид, а со триумф каталонците и дефинитивно ќе го отпишат големиот ривал во битката за титулата.

OhridNews