Кошаркарите на Локомотив Кјубан ставија точка на победничката серија на „црвено белите“ во сите натпреварувања совладувајќи ги 86-62 во 12-та рунда од втората фаза во Евролигата.
Црвена Ѕвезда имаше пеколни десеттина дена играјќи со Панатинаикос и Уникаха во Евролигата и со Цедевита во полуфиналето од јадранската АБА лига.
Домаќините заморот на белграѓани го искористија и со брзо темпо веднаш направија комотна предност. „Црвено белите“ немаа одговор за играта на домаќините и потклекнаа во четирите четвртини.
Пулените на Дејан Радоњиќ пред своите гледачи во Комбанк арената против составот на Дарушафака ќе имаат можност да го заверат пласманот во ТОП 8 екипи од Евролигата.
Резултати: Лаборал Куча – Барселона 75-71, Локомотив Кјубан – Црвена Ѕвезда 86-62, Дарушафака – Панитанаикос 84-86, Броуз Баскет – ЦСКА Москва.
OhridNews