Домаќинот на завршниот турнир во Евролигата, Реал Мадрид обезбеди меч за шампионската титула против Олимпијакос во финалето.


„Лос бланкос“ пред своите гледачи го совладаа составот на Фенербахче со (96-87), кој предводен од Жељко Обрадовиќ од клупата не беше лесен плен за домаќините.

Тимската игра го одведе Реал Мадрид во финалето каде претходно пласман обезбеди Олимпијакос по триумфот над ЦСКА Москва.

Натпреварот за третото место на програмата е в недела во 17 часот додека финалето е закажано во 20 часот.

Мх.П.