“Македонското“ дерби од Евролигата му припадна на Перо Антиќ, кој со 82-71 триумфираше над Лестер Бо Мекклејб.

Победата над Фенербахче и Мекклејб, екипата на Олимпијакос ја остава во игра за првите две места кои водат во фајн форот и можност за одбрана на титулата.

Во триумфот поранешниот репрезентативец Антиќ имаше скромен учинок од четири поени, четири скокови, по еден скок и асистенција за нешто повеќе од петнаесет минути на паркетот. Натурулизараниот репрезентативец, Мекклејб ги помина сите 40 минути на теренот и со Богдановиќ беа најпрецизни со 20 поени.

Во наредната рунда Олимпијакос гостува кај Химки додека турскиот преставник во Евролига, Фенербахче на домашен терен го пречекува Бешикташ.

Резултати :

Група Е : Жалгирис – Алба Берлин 92-56, Реал Мадрид – ЦСКА Москва

Табела : Реал Мадрид 10 бодови, ЦСКА Москва 8, Анадолу Ефес 8, Панатинаикос 6, Уникаха 4, Жалгирис 4, Алба Берлин 2, Бамберг 0.

Група Ф :  Бешиткаш – Макаби 55-77, Олимпијакос – Фенербахче 82-71, Барселона – Монтепаски 85-66

Табела : Монтепаски 10 бодови, Барселона 10, Каха Лаборал 8, Химки 6, Олимпијакос 6, Макаби 2, Фенербахче 2, Бешикташ 0.

Мх.П.