Натурализираниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Меккелејб и Фенербахче пред своите гледачи го совладаа Олимпијакос со 78-74.


За „срушувањето“ на Европскиот првак најзаслужен беше Меккелејб, кој постигна 20 поени, а додаде уште четири скокови и три асистенции. Голема помош „плејот“ на турците доби од Линас Клејза, кој уфрли 21 поен.

Со победата над грчкиот кошаркарски тим избраниците на српскиот стратег Желјко Обрадовиќ го изедначија скорот 4-4 во втората фаза од Евролигата и ги зголемија шансите за пласман во разигрувањето.

Мх.П.