ЦСКА Москва-Барселона е дерби натпреварот во петтото коло, во кошаркарската Евролига. Двата тима во пресрет на дуелот влегуваат со максимален учинок, четири победи во исто толку натпревари.


Во Д групата, партиципира и Лијетувос Ритас на македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски. Литванскиот тим на домашен терен ќе го пречека турскиот Бешикташ.


Во четврток, покрај Самарџиски на паркетот во Евролигата ќе се појават Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб. Антиќ,член на европскиот првак Олимпијакос, во Ц групата, ќе гостува во Милано кај Армани. Во Италија ќе гостува и Мекејлеб со Фенербахче, во рамките на А групата турскиот тим ќе игра во Канту.


Во петок Владо Илиевски, бекот на Цедевита на домашен терен ќе игра против шпанската Каха Лаборал.

Четврток, 8. ноември:

Група А:
Канту-Фенербахче

Група Б:
Шалон-Уникаха
Алба-Макаби

Група Ц:
Армани Милано-Олимпијакос

Група Д:
ЦСКА-Барселона
Лијетувос Ритас-Бешикташ

Петок, 9.ноември:

Група А:
Панатинаикос-Химки
Унион Олимпија-Реал Мадрид

Група Б:
Проком-Монтепаски

Група Ц:
Цедвита-Каха Лаборал
Анадолу Ефес-Жалгирис

Група Д:
Партизан-Бамберг.

“Макфакс“