Натурулизираниот македонец Лестер Бо Мекклејб и неговата екипа Фенербахче претрпеа убедлив пораз 91-73 на гостувањето кај Макаби Електра во третата рунда од вториот круг во Евролигата.

Иако на почетокот на сезоната со ангажманот на Мекклејб од турскиот тим најавуваа дека ќе атакуваат на титулата, но три одиграни натпревар Фенербахче на контото нема бодови и се наоѓа на последното место на табелата.

За триесетипетминути поминати на теренот Македонскиот репрезентативец постигна 15 поени, а додаде четири скокови и една асистенција.

Резултати :

ЦСКА Москва – Броуз Баскет 90-83, Панатинаикос – Уникаха 78-73, Макаби – Фенербахче 91-73, Каха Лаборал – Бешикташ 77-51.

Мх.П.