Натпреварите од второто коло, во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига, ќе се одиграат во четврток и петок.


Македонските репрезенти во елитното натпреварување, Перо Антиќ (Олимпијакос) и Лестер Бо Мекејлеб (Фенербахче), натпреварите од ова коло ќе ги одиграат во петок.

Олимпијакос и Фенербахче во втората рунда ќе ја бараат можноста да ги забележат првите победи, откако на отворањето на Топ 16 фазата загубија од Каха Лаборал (Олимпијакос), односно Барселона (Фенербахче).

Екипата на Антиќ, на домашен терен ќе го пречека Бешикташ, додека Мекејлеб ќе се соочи со својот поранешен тим Монтепаски.

Четврток, 3.декември:

Група Е:

Бамберг-Реал Мадрид

Анадолу Ефес-Панатинаикос

Група Ф:

Химки-Барселона

Макаби-Каха Лаборал

Петок, 4.декември:

Група Е:

Жалгирис-Уникаха

Алба-ЦСКА Москва

Група Ф:

Фенербахче Улкер-Монтепаски

Олимпијакос-Бешикташ.