Најсилната кошаркарска лига во Европа ќе добие нов шампион откако Фенербахче во три меча го елиминираше актуелниот Реал Мадрид.
До третата и клучна победа пулените на Жељко Обрадовиќ стигнаа во Мадрид победувајќи ги „кралевите“ со убедливи 75-63.
Скромен учинок од четири поени во третата победа за Фенербахче имаше Перо Антиќ кој по трет пат ќе учествува на завршниот турнир во Евролигата.
Противник на „фенер“ во полуфиналето од фајнлфор ќе биде Лаборал Куча која со идентични 3-0 го елиминираше грчкиот Панатинаикос.
Резултати: Панатинаикос – Лаборал Куча 75-84 (0-3), Барселона – Локомотив Кјубан 82-70 (2-1), Реал Мадрид – Фенербахче 63-75 (0-3).
OhridNews