Кошаркарите на Фенеребахче во целост ја оправдаа фаворитската улога на дуелот со Црвена Ѕвезда победувајќи со 82-56 (17-11, 24-22, 21-9, 20-14) во 13-та рунда од Евролигата. Со триумфот „Фенер“ стигна до деветтиот вкупно сезонава и стави точка на победничка серија од белграѓаните која траеше три натпревари.

Натпреварот во Истанбул имаше фантастична најава, откако преполната сала со стоечки овации го поздрави Перо Антиќ кој имаше значајна улога во освојувањето на европската титула минатата сезона.  

„Црвено белите“ рамноправен противник беа во првиот дел во кој иако го изгубија со 41-33 имаа водство. Кошаркарите на Фенербахче секогаш имаа решение на кош-серијата од гостите и не дозволија поголема негатива од 4-5 поени.

Дефинитивното прашање околу победникот домаќините го решија во третиот период, кој го добија со 21-9 за убедливи водство (62-42) после триесет минути игра. Последните десет минути беа чиста формалност и на теренот играа кошаркари кои не добиваат многу шанса во двете екипи.

Антиќ за нецели 15-ет минути на теренот постигна 6 поени, а додаде уште еден скок и една украдена топка. Најефикасен во составот на Фенербахче беше Јан Весели со 16 поени, а во тимот на Црвена Ѕвезда блесна Огнен Добриќ со 15 кошеви.

OhridNews