Перо Антиќ во дресот на актуелниот европски првак Олимпијакос, ја забележа првата победа на гостински терен во новата евролигашка сезона. За разлика од Антиќ, Предраг Самарџиски (Лијетувос Ритас) и Лестер Бо Мекејлеб (Фенербахче) запишаа порази во петтото коло во Евролигата.


Олимпијакос, го одигра својот најдобра натпревар во досегашниот тек од Евролигата и убеливо во Милано го победи Армани со 84:71. Антиќ на паркетот мина речиси 23 минути, време за кое зад совето име запиша 7 поени, 4 скока и по една асистенција и украдена топка.

Лијетувос Ритас во чии редови Самарџиски одигра 20 минути, на домашен терен е поразен од Бешикташ со 67:73. Центарот на македонската репрезентација мечот го заврши со 7 поени, 5 скока и една асистенција.

Фенербахче во Канту забележа катастрофален пораз со 82:58, а бекот на македонската репрезентација Мекејлеб беше еден од најслабите во својот тим. Мекејлеб за 15 минути имаше учинок од 3 поени и 2 асистенции.

Во петок Владо Илиевски, бекот на Цедевита на домашен терен ќе игра против шпанската Каха Лаборал.

Во дербито на колото Барселона во Москва ја демолира екипата на ЦСКА победувајќи со 81:60. Наваро со 21 и Лорбек со 15 поени ги предводеа Каталонците до победата, со која го задржаа максималниот ефект по пет одиграни кола.

Група А:
Канту-Фенербахче 82:58

Група Б:
Шалон-Уникаха 78:88
Алба-Макаби

Група Ц:
Армани Милано-Олимпијакос 71:84

Група Д:
ЦСКА-Барселона 60:81
Лијетувос Ритас-Бешикташ 67:73

Петок, 9.ноември:

Група А:
Панатинаикос-Химки
Унион Олимпија-Реал Мадрид

Група Б:
Проком-Монтепаски

Група Ц:
Цедвита-Каха Лаборал
Анадолу Ефес-Жалгирис

Група Д:
Партизан-Бамберг

“макфакс“