Словенскиот репрезентативец Лука Дончиќ со 16 поени, 7 асистенции и 6 скокови беше најзаслужен за триумфот на Реал Мадрид против Барселона (87-75) во кошаркарското „Ел Класико“.

Младиот кошаркар имаше своевидно шоу во дербито со каталонците во Евролигата. Во самиот финиш од третата четвртина Дончиќ погоди преку целиот терен, а во последниот период во два наврати го „скрши“ својот противник и асистираше до својот соиграч за лесни поени.

 

Реал Мадрид со триумфот над Барселона го изедначи скорот на табелата во Евролигата (6-6), додека каталонците го претрпеа осмиот пораз сезонава. 

Резултати: Фенербахче – Жалгирис 89-90, Уникаха – Химки 93-84, Броуз Баскет – Олимпијакос 67-65, Реал Мадрид – Барселона 87-75.

OhridNews