Кошаркарот на Фенербахче, Џејмс Нaнeли ги остави без здив сите присутни во „Улкер“ арената после падот на паркетот на дуелот со Басканија во Евролигата. Нaнeли лесно поентираше со забивање, но место да се задржи на обрачот тој се отпушти и падна директно на вратот. Докторите веднаш реагираа и спречија поголема трагедија, а за какви повреди станува збор ќе кажат дополнителните прегледи.
OhridNews