Кошаркарите на Реал Мадрид максимално го искористија домашниот терен и со нова победа (78-63) стигнаа до 2-0 водство во дуелот со Панатинаикос, додека Барселона се избори за егал совладувајќи го Ефес во Турција (74-72) во втората рунда од четвртфиналната серија во Евролигата.

„Кралевите“ до вториот триумф дојдоа со две фуриозни четвртини. Шпанците одиграа маестрално во првата која ја добија со 21-8 и во третата која им припадна со 26-15. Во втората и четвртата четвртина, грчкиот состав намали дел од разликата, но не успеа да избегне пораз и тоа убедлив.

Екипата на Барселона во вториот меч го „преживеа“ пеколот во Абди Ипекчи арената и победи со тесен резултат 74-72. Водството се менуваше, а во финишот повеќе среќа и попрецизни беа гостите кои на најдобар можен начин ги најавија двата мечеви пред своја публика.

Резултати: Ефес Анадолу – Барселона 72-74 (1-1), Реал Мадрид – Панатинаикос 78-63 (2-0).

OhridNews