Кошаркарите на Фенербахче претрпеа тежок пораз (91-70) на гостувањето во Стразбур од домаќинот во втората рунда од групната фаза во Евролигата.


Пулените на Жељко Обрадовиќ само во првата четвртина одиграа добра кошарка, а во продолжението не наликуваа на една од екипите која конкурира за највисокото место на тронот во кошаркарска Европа.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ покрај убедливиот пораз имаше солиден настап постигнувајќи 11 поени, а додаде уште три скокови. Повеќе поени од Антиќ во тимот на Фенербахче постигна само Бојан Богдановиќ кој застана на 12 кошеви.

Турските кошаркари немаа одговор за расположениот напад на домаќините коj постигнуваше кошеви од секаде на теренот. 

За тимот на Фенербахче ова беше прв пораз сезонава во Евролигата, а во првата рунда пред своите гледачи го совладаа Баерн Минхен.

Ohridnews