Кошаркарите на Барселона ги задржаа шансите за пласман во ТОП 8 екипите во Евролигата победувајќи ја ЦСКА од Москва 100-98 по едно дополнително продолжение.
Московјаните во продолжението имаа се во своите раце, но Џастин Далман со пет поени за девет секунди успеа да им „украде“ и да го остави својот тим во игра. Бекот на домаќините прво погоди за три и за реми (98-98), а потоа украде топка и реализираше за два (100-98) за ерупција во арената од Барселона.
OhridNews