Кошаркарите на Црвена Ѕвезда забележаа нова победа во главната фаза совладувајќи го Панатинаикос со 69-67 (10-18, 18-13, 25-11, 16-25) пред своите гледачи.


Бодовите „црвено белите“ во преполната „Комбанк арена“ ги освоија по голема борба во текот на целиот натпревар.

Гостинските кошаркари одлично го отворија мечот и ја добија со 18-10 првата четвртина. Иако го изгубија вториот квартал (18-13) „зелено белите“ на одмор заминаа со позитива од (31-28).


Домаќините во третиот период носени на крилата од навивачите со долга серија го свртеа резултатот и го презедоа водството, кое на моменти изнесуваше и двоцифрено.

Сепак, гостите од Грција смогнаа сили и успеаја да се вратат во игра за бодови во последните минути од мечот.

„Црвено белите“ со погодувањето на слободните фрлања во клучните моменти не дозволија да им „избегаат“ бодовите со кои се доближија до пласманот во ТОП 8 екипите.

Резултати:

Група Е: Локомотив Кјубан – Фенербахче 52-55, Цедевита – Уникаха 78-91, Дарушафака – Анадолу Ефес 68-72, Црвена Ѕвезда – Панатинаикос 69-67

Група Ф: Броуз Баскет – Олимпијакос 72-71, Лаборал Куча – Химки 98-83, Жалгирис – Реал Мадрид 76-90, Барселона – ЦСКА Москва.

OhridNews