Кошаркарите на Црвена Ѕвезда забележаа сензационална победа во Евролигата совладувајќи го Европскиот првак Реал Мадрид во Пионир со 94-88 (28-18, 18-25, 20-24, 28-21).


„Црвено белите“ пред преполната арена одиграа неверојатен натпревар од почетокот до крајот.

Во транс домаќините го започнаа мечот и првата четвртина ја добија со 10 поени разлика (28-18).


„Кралевите“ во втората ја легнаа топката и возвратија со 18-25 за плус три за „ѕвездашите“ на полувремето.

Во третиот период шпанските кошаркари го презедоа водството и во последниот квартал влегоа со предност од еден поен.

„Делиите“ во последните десет минути ја повторија играта од првите и на колена го фрлија Европскиот првак по неколку минутната игра на нерви. 


Кенси Милер и Мајк Цибрес со 24 односно 26 поени го предводеа нападот на домаќините додека кај гостите најефикасни беа Серхио Родригез и Густаво Ајон со по 16 кошеви.

По триумфот „црвено белите“ се изедначија со Реал Мадрид на табелата во групата и се вратија во игра за пласман на местата кои водат во втората фаза.

Ohridnews