Шампионот од регионалната АБА лига, Црвена Ѕвезда со пораз од Дарушафака 73-70 во Белград ја започна новата сезона во кошаркарското елитно друштво.


„Црвено белите“ изгубија добиен натпревар бидејќи по првите две четвртини имаа предност 14 поени, а на стартот од третиот период разликата достигна 16 кошеви.

Гостинските кошаркари предводени од Дејвид Плат од клупата полека ја топеа предноста за на крајот од мечот да влезат со позитива која им донесе победа.

Кошаркарите на Црвена Ѕвезда го имаа последниот напад, но не успеаја да упатат удар за три поени кој ако го реализираа ќе им донесеше продолжение.

Резултати: Галатасарај – ЦСКА Москва 84-109, Милано – Макаби Тел Авив 99-97, Црвена Ѕвезда – Дарушафака 70-73.

OhridNews