Кошаркарите на Црвена Ѕвезда пред своите гледачи забележаа нова вкупно четврта победа во ТОП 16 фазата од Евролигата совладувајќи ја Цедевита со убедливи 94-74 (26-12, 17-20, 19-24, 32-18).


Фуриозниот почеток на мечот на домаќините им донесе предност од 14 поени по првата четвртина (26-12).

Гостите од Хрватска се созедоа од почетниот шок и во следните две четвртини успеаја да намалат на шест кошеви.


Во последниот квартал „црвено белите“ ја повторија играта од првиот и стигнаа до убедлива победа 94-74.

Со триумфот над Цедевита тимот на Црвена Ѕвезда се искачи во горниот дел од табелата со скор од четири победи и три порази.

Резултати: Химки – Реал Мадрид 82-93, Црвена Ѕвезда – Цедевита 94-74, Фенербахче – Уникаха 80-59, Куча Лаборал – Броуз Баскет.

OhridNews