Кошаркарите на Црвена Ѕвезда им вратија мило за драго на литванскиот состав Жалгирис за поразот во Белград совладувајќи го 77-61 (21-7, 26-15, 14-17, 16-22) во Каунас во првата рунда во новата година во Евролигата.


„Црвено белите“ одиграа маестрално и без грешка во првото полувреме кое го добија со 25 поени предност (47-22).

Во вториот дел српските кошаркари го успорија темпото, домаќините го искористија тоа само да го ублажат поразот, а далеку беа да сторат нешто повеќе.

Победа во продолжението од Евролигата во новата година забележа и Фенербахче, кој пред своите гледачи славеше против составот на Емпорио Армани.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ настапи две и пол минути и немаше никаков учинок во новиот триумф на „фенер“.

OhridNews