Црвена Ѕвезда ја заврши својата авантура во Евролигата, откако претрпе пораз од Дарушафака (78-62) во мечот на одлука кој се одигра во Турција.


Кошаркарите на Дарушафака со триумфот во натпреварот да се биде или не ги комплетираа екипите учесници во нокаут фазата во Евролигата.

„Црвено белите“ не го издржаа домашниот налет на почетокот од натпреварот и првиот период го загубија со 25-14. Црвена Ѕвезда ја смири топката во втората четвртина, но негативата од првата остана на семафорот.

Во третиот квартал „делиите“ се вратија во игра добивајќи го со 17-12, но во последниот период домаќините уфрлија брзина погоре и го решија победникот.

Дарушафака за противник во 1/4 финалето го доби Реал Мадрид, додека Црвена Ѕвезда со сите сили ќе се насочи кон АБА лигата каде го брани трофејот.

Двојки 1/4 финале:

Реал Мадрид – Дарушафака

ЦСКА Москва – Басконија

Олимпијакос – Ефес Анадолу

Панатинаикос – Фенербахче

OhridNews