Кошаркарите на Црвена Ѕвезда забележаа втор триумф во серија во Евролигата, откако пред своите гледачи со 100-81 го совладаа турскиот Анадолу Ефес.

„Црвено белите“ до четвртата победа вкупно во Евролигата стигнаа со добра игра во текот на целиот натпревар. Домашните кошаркари ги добија првата, третата и четвртата четвтина, а гостите егал беа само во вториот квартал.

Перо Антиќ со оглед на убедливото водство одигра скромни 13 минути и во нив реализираше пет поени, а додаде уште три скокови, две асистенции и две украдени топки. Најпрецизен во составот на Црвена Ѕвезда беше Џејмс Фелдин кој реализираше 29 поени. Во гостинскиот тим Брајан Данстон постигна 16 поени.

Бранителот на трофејот во АБА лигата со триумфот се искачи на 12-та позиција и зад себе ги остави Валенсија, Анадолу Ефес, Армани Милано и Уникаха со скор 3-8.

OhridNews